Вињета Чешка 2025 година

Вињетата за Република Чешка е задолжителна за сите возила до 3,5 тони на сите државни автопатипшта и експресни патишта во Република Чешка (официјално наречена и Чешка). Првобитно вињетите беа достапни како налепници. Почнувајќи од први јануари 2021, налепниците за вињети беа заменети со дигитални изданија. Овие електронски вињети се поврзани со бројот на регистарската табличка на вашето возило во базата на податоци на Edalnice.

Можете да купите дигитална вињета за Чешка Република на Tollwayr користејќи ги сите поважни методи за онлајн плаќање, како кредитни картички и PayPal.

Возила < 3,5 т

Купете

Не осмелувајте се да возите низ Република Чешка без валидна електронска вињета. Во спротивно ризикувате казна и до 20.000 чешки круни (околу 50.000 денари).

Чешката е-вињета

Е-вињетата ја замени физичката вињета за Република Чешка на 1 јануари 2021 година. Традиционалната вињета беше самолеплива налепница која се лепеше на ветробранското стакло на возилото и денес не е достапна. Електронската вињета е дигитално поврзана со бројот на регистарската табличка на возилото, со што се овозможува паметен начин за наплата на патарина за возачите, без да мораат да застануваат и да плаќаат на секоја наплатна рампа движејќи се по автопатиштата и експресните патишта на државата. Задолжителна е за повеќето главни патишта во Чешка, особено околу главниот град Прага. Откако вашата регистарска табличка ќе биде успешно евидентирана во базата на податоци Edalnice, можете слободно да се движите.

За поголемите возила, чешката вињета функционира поинаку. Системот за е-вињета функционира преку наплата на возачите од нивните профили според временскиот периот и типот на горивото кое возилото го користи. За поголемите возила воведен е систем базиран на растојанието, нешто што подетално во овој водич ќе биде објаснето понатаму.

Обата типа наплата се еден вид патен данок кој претставува значаен извор на средства кои се користат за одржување на националната патна мрежа.

Обврска за патарина и покриеност на патната мрежа

Чешката вињета е задолжителна за поголемиот дел од автопатиштата на Република Чешка, вклучувајќи ги:

  • D0: Модлетице – Силвенец (Modletice – Slivenec), излези 76-16 (23km/14mi)
  • D1: Прухонице - Кивалка (Průhonice – Kývalka), излези 6–182 (176km/109mi)
  • D1: Холубице - Кромјержиж-запад (Holubice – Kroměříž-západ), излези 210–258 (48km/30mi)
  • D1: Кромјержиж-исток - Риковице (Kroměříž-východ – Říkovice), излези 260–272 (12km/7.5mi)
  • D1: Преров-Предмости - Рудна (Přerov-Předmostí – Rudná), 282-ри km до излез 354 (72km/45mi)
  • D2: Чрлице (Chrlice) - граничен премин, излез 3 до 61-виот км но само до Ланжот (Lanžhot) одморалиштето во спротивна насока (58km/36mi)
  • D3: Мезно - Чеканицем (Mezno – Čekanicem), 62. км до излез 76 (14km/9mi)
  • D3: Мешице - Весели над Лужници-север (Měšice – Veselí nad Lužnicí-sever), излези 79–104 (25km/15.5mi)
  • D3: Весели над Лужници-југ – Услине (Veselí nad Lužnicí-jih – Úsilné), излези 107–131, (24km/15mi)
  • D3: Похурка – Красејовка (Pohůrka – Krasejovka), излези 136–147 од датумот на пуштање во употреба (11km/7mi)
  • D4: Јиловиште – Хаје (Jíloviště – Háje), излези 9–45, (36km/22mi)
  • D5: Требонице – Бероун-исток (Třebonice – Beroun-východ), излези 1–14 (14km/9mi)
  • D5: Бероун-запад – Ејповице (Beroun-západ – Ejpovice), излези 22–67 (45km/28mi)
  • D5: Сулков (Sulkov) – граничен премин, излез 89 до 151. км но само до одморалиште Розвадов (Rozvadov) во спротивен правец (62km/38.5mi)
  • D6: Јенеч – Крушовице (Jeneč – Krušovice), излез 7 to 42. км (35km/22mi)
  • D7: Кнежевес – Кновиз (Kněževes – Knovíz), излези 3–18 (15km/9mi)
  • D8: Здиби – Рехловице (Zdiby – Řehlovice), излези 1–64 (64km/40mi)
  • D8: Книнице (Knínice) – граничен премин, излез 80 до 92. Км, бесплатно во спротивен правец (12km/7.5mi)
  • D10: Стара Болеслав – Бездечин (Stará Boleslav – Bezděčín), излези 14–39 (25km/15.5mi)
  • D10: Космонос - Ораженице (Kosmonosy – Ohrazenice), излези 46–71 (25km/15.5mi)
  • D11: Јирни – Јаромјерж-север (Jirny – Jaroměř-sever), излези 8–113 (105 km/65mi)
  • D35: Седлице – Остров (Sedlice–Ostrov), излез 127 до 158. км (31km/19mi)
  • D35: Мохелнице-југ – Кржелов (Mohelnice-jih – Křelov), излези 235–261 (26km/16mi)
  • D35: Холице – Липник над Бечвоу (Holice – Lipník nad Bečvou), излези 276–296 (20km/12.5mi)
  • D46: Вишков-исток – Простјејов-југ (Vyškov-východ – Prostějov-jih), излези 1–21 (21km/13mi)
  • D46: Држовице – Хњевотин (Držovice – Hněvotín), излези 26–37 (11km/7mi)
  • D48: Бјелотин – Бјелотин-исток (Bělotín – Bělotín-východ), излези 1–3 + Бјелотин-исток – Јесеник над Одроу (Bělotín-východ – Jeseník nad Odrou), излези 3–8 од датумот на пуштање во употреба (4km/2.5mi)
  • D48: Палачов – Нов Јичин-центар (Palačov – Nový Jičín-centrum) 12. км до излез 21 од датумот на пуштање во употреба (8km/5mi)
  • D48: Риби – Фридек-Мистек-југ (Rybí – Frýdek-Místek-jih) 24. км до излез 48 + Фридек-Мистек-југ - Фридек-Мистек-исток излези 48–52 од датумот на пуштање во употреба на делницата со четири ленти (24km/15mi)
  • D48: Добра - Жуков (Dobrá – Žukov), излези 54–70 (16km/10mi)
  • D52: Рајхрад – Похоржелице-север (Rajhrad – Pohořelice-sever), излези 10–23 (13km/8mi)
  • D55: Хулин – Отроковице-север (Hulín – Otrokovice-sever), излези 16–30 (14km/8.7mi)
  • D55: Отроковице-исток – Напаједла (Otrokovice-východ – Napajedla), излези 32–34 (3km/2mi)
  • D56: Храбова-индустриска зона - Фридек-Мистек (Hrabová-průmyslová zóna – Frýdek-Místek), излез 40 до 54. км (14km/9mi)

Оваа листа е валидна заклучно со последната проверка на 20 јуни, 2024 година.

Подолу ќе најдете интерактивна мапа на Чешка Република со сите главни патишта за кои вињетата е задолжителна.

Ослободување од обврската за вињета

Има неколку возила кои не подлежат на обврската за поседување вињета, вклучувајќи ги:

  • Електрични, или возила на база само на хидроген
  • Возила со кои се транспортираат лица со тешка попреченост кои поседуваат ZTP или ZTP/P картичка
  • Возила со кои се транспортираат деца кои се третираат од канцер или хемобластоза (носете медицински извештај или друга здравствена потврда за патна контрола)
  • Историски возила со специјални регистарски таблички и лиценци за историски возила

Целокупната листа на возилата кои се ослободени од обрската за вињета ќе ја најдете во законот 13/1997 за патишта.


Типови достапни вињети

Чешката е-вињета е достапна за:

Категорија возила Опис Купи вињета
Лесни возила под 3,5 тони

Сите возила под 3,5 тони мора да имаат дигитална вињета за возење низ Република Чешка.

Мотоциклите не мора да поседуваат е-вињета.

Возилата со тежина 3,5 тони и повеќе мора да имаат електронска кутија за наплата на патарина (MYTO CZ).

Посебни цени важат за почисти возила.

Регулатива за возила и кампери

Постои само една категорија вињета за Чешка. Возила со вкупна дозволена тежина од 3,5 тони се обврзани да поседуваат електронска вињета за возење низ државните автопатишта и експресни патишта. Моторни возила кои имаат помалку од 4 тркала (мотоцикли и трицикли) не мора да поседуваат вињета за Чешка. Вињета не се наплаќа ни за приколки.

Возила тешки над 3,5 тони

Сите возила кои тежат над 3,5 тони мораат да поседуваат вградена единица. Овие уреди може да се купат локално со тоа што патарината се наплаќа согласно извозените километри.

Цени и важечки периоди во 2025 година

Ќе имате можност да купите од дневна до годишна вињета, со тоа што цените варираат зависно од должината на периодот (и типот на возилото). Дневната вињета беше скоро воведена од страна на чешкото Министерство за транспорт во мај, 2023 година, а стана достапна во март, 2024 година.

Достапни периоди на важност се следните

  • 1-дневна вињета
  • 10-дневна вињета
  • 30-дневна вињета
  • 1-годишна вињета

Цените за различните типови вињети се утврдени од страна на владата на Чешка, а цените се изразени во оригиналната валута на Република Чешка, чешката круна (CZK).

Имајте на ум дека имаме алатка со која речиси инстантно се одредува курсот и цената во македонски денари (MKD) и евра (EUR).

Возила < 3,5 т

Период на важност Цена во CZK Цена во EUR Цена во EUR Купи вињета
1-дневна вињета
290.66 CZK
€11.585
11.585 EUR
10-дневна вињетац
500.533 CZK
€19.95
19.95 EUR
30-дневна вињета
625.979 CZK
€24.95
24.95 EUR
1-годишна вињета
1755 CZK
€69.95
69.95 EUR

Согласно амандманот на Законот бр. 13/1997 за патишта, а стапувајќи на сила од 1 март 2025 година, возилата кои се напојуваат на струја или хидроген во комбинација со друго гориво повеќе нема да бидат изземени од наплатата по време. Тоа важи дури и ако нивните СО2 емисии во комбиниран погон се пониски од 50 г/км (на пр. plug-in хибриди). Само возила со нула СО2 емисија ќе бидат исклучок.

Комплетно електричните возила сѐ уште се изземени од плаќањето патарина за патиштата на Република Чешка. Ова правило автоматски се однесува на возилата регистрирани во Република Чешка, но за возилата регистрирани во странство, мора да поседувате Потврда за ослободување.


Каде да купам вињета за Чешка

Онлајн на Tollwayr

На Tollwayr.com лесно можете да ја купите вашата вињета за Чешка следејќи го нашиот водич за купување. Ве молиме внимателно да ги проверите вашите податоци пред да ја испратите нарачката.

Како да нарачате вињета на Tollwayr во неколку чекори:

  • Изберете го типот вињета
  • Изберете го времетраењето на вињетата
  • Внесете податоци за вашето возило и мејл адреса
  • Извршете ја уплатата
  • Вашата вињета ќе ја добиете речиси веднаш
Ние им помагаме на возачите во Република Чешка со регистрација на нивната е-вињета во базата на „Edalnice“ почнувајќи од 2021 година. Имаме доста искуство и знаење за регулативата за чешката патарина. Нашите клиенти не оценија со 4,6 од 5 на Trustpilot. Проверете сами на Trustpilot.

Локации за физичко купување преку самоуслужни киосци

  • ЕуроОил бензински станици
  • Чешка пошта

Купувањето офлајн има свои недостатоци кои би требало да ги знаете:

  • Можни се долги редици
  • Нема гаранција дека автоматите ќе работат
  • Поголема е веројатноста за грешка во споредба со купувањето преку интернет

Проверка на валидноста после купување

Откако ќе ја купите вашата е-вињета за Чешка, секогаш ќе можете да ја проверите нејзината валидност користејќи ја нашата онлајн алатка, без разлика дали е купена преку интернет или од автомат.

Казни и придржување кон обврската

Бидејќи чешкото законодавство бара возачите да имаат валидна вињета кога возат по автопатиштата и експресните патишта, постојат повеќе начини за контрола како би се проверило дали се придржувате до правилата. Вињетите се контролираат преку надзор со видео камера, како и со полициски и гранични проверки. Тие можат автоматски да видат дали автомобилот е правилно регистриран во централната база на податоци.


Потенцијални казни поврзани со чешките вињети

Ако возите на пат што е под обврска со патарина во Чешка Република без валидна електронска вињета и не сте еден од изземените случаи, казната може да достигне до 20.000 чешки круни (околу 48.5000 денари)

Избегнете потенцијално високи казни со:

  • купување вињета пред да патувате на Tollwayr
  • двојна проверка на сите податоци за вашата вињета за да бидете сигурни дека се точни, вклучувајќи го и бројот на регистарската табличка

Имајте предвид дека може да бидете казнети и поради други причини, вклучувајќи:

  • Ако физичко или правно лице поднесе известување за изземање без да има право на тоа ослободување, казната може да биде висока и до 100.000 чешки круни (околу 240.000 денари)
  • Ако автомобилот има право на изземање, но возачот не ја доставил потврдата за ослободување и покрај тоа што законот тоа го налага, казната може да достигне до 5.000 чешки круни (12.000 денари). Истата глоба може да се изрече и на оние кои нема да објават престанок на правото на ослободување во рок од 10 работни дена.

Совети за меѓународни патници

Возењето им дава слобода на меѓународните патници удобно да ја истражуваат земјата, но за непречено патување и без стрес, задолжително следете ги овие совети.

  • Пред да ја посетите Република Чешка, неохопдно е да се купи чешката е-вињета. Доколку случајно се најдете на пат за којшто вињетата е неопходна, можете да се соочите со високи казни.
  • Кога ја купувате вашата вињета за Чешка, обидете се да ги избегнете вообичаените грешки од типот на избирање точен период на важност и внесување на точната регистарска табличка на вашето возило. Секогаш осигурајте се дека сте добиле потврда за успешно купување и дека сте добиле потврден мејл.
  • Најважните автопатишта во Република Чешка се Д1 којшто води од Брно кон Острава, Д5 којшто ја поврзува Прага со Пилсен и Д8 којшто води кон Усти над Лабел. Доколку барате живописни патишта, Патот на замоците помеѓу Германија и Република Чешка често е избран меѓу најдобрите!
  • Имајте на ум дека зимски пневматици се задолжителни од први ноември до 31-ви март.
  • Употребата на сирена е само дозволена кога е неопходно да се превенира несреќа. Истата е забранета во центарот на Прага од 21:00 до 05:00 часот за време на летниот период, и од 20:00 до 06:00 зимно време.
  • Погледнете го нашиот блог и делот за вести за најновите информации поврзани со возењето и патарините во Република Чешка.

ЧПП: Одговори на најчесто поставуваните прашања

Кога ќе ја добијам вињетата?
Откако успешно ќе ја поставите вашата нарачка и ќе ја платите вашата е-вињета, може да потрае и до 30 минути за да се издаде вашата е-вињета. Штом ќе биде издадена вашата вињета, ќе ве известиме преку е-пошта. Само тогаш ви е дозволено да возите по автопатишта и патишта со наплата на патарина.
Ќе ја добиете вашата вињета по е-пошта.
Да, изземени од обврската се возила што се користат за превоз на лица со посебни потреби, електрични возила и возила на водород и одредени дипломатски возила.
Можете да купите електронска вињета онлајн на нашата веб-страница, на физички продажни места како што се бензински пумпи или преку мобилни апликации.
Можете да изберете помеѓу 1 ден, 10 дена, 30 дена или важност од една година. Годишната вињета важи 365 дена од избраниот почетен датум.
Да, можете да ја купите вињетата до три месеци однапред и да го одредите датумот на започнување на нејзината важност.
Електронската вињета е поврзана со бројот на регистарската табличка на вашето возило и се проверува преку автоматизирани системи и случајни патни контроли од страна на полицијата и надлежните власти.
Возењето без валидна вињета може да резултира со парична казна до 20.000 CZK (приближно 49.000 денари).
Контактирајте ја нашата поддршка за корисници што е можно поскоро за да ја поправите грешката. Обично може да се направат промени пред да започне периодот на важност на вињетата.
Можете да ја прикажете е-поштата за потврда или потврдата добиена при купувањето. Меѓутоа, бидејќи вињетата е поврзана со регистарската табличка, обично не е потребен физички доказ.
Не, нема достапни попусти за чести корисници. Цените на вињетите се фиксни врз основа на периодот на важност.
Да, електронските вињети може да се купат на граничните премини, на некои бензински пумпи и на други одредени продажни места.

Патарини во соседните земји

Ако планирте да возите по некој пат во соседните земји на Чешка, проверете ги најновите информации за нивните системи за патарина за да избегнете потенцијални казни. Меѓу нив се:

Германско знамеГерманија
Полско знамеPoland